(Табели) Генерацијата 2009 заврши како есенски шампион иако одигра само 7 натпревари

ФК КУЛ гостин во Унгарија, кадетите ќе одиграат натпревар со една од најдобрите академии во Будимпешта
12/07/2022
Кадетите на КУЛ со победа на пријателски натпревар одигран во Будимпешта
12/11/2022

(Табели) Генерацијата 2009 заврши како есенски шампион иако одигра само 7 натпревари

Генерацијата 2009 заврши како есенски Шампион во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња. Иако нашите млади надежи одиграа само 7 натпревари, сепак успеаа да „презимат“ на лидерското место, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната. На пролет би требало да се одиграат сите 28 кола, со оглед дека екипата на Фортуна се откажа од ова натпреварување, но сепак останува под знак прашалник комплетирањето на сезоната во двете категории.

Како и да е, нашите помлади петлиња предводени од Марко Арсовски се наоѓаат на првото место, со само 7 одиграни натпревари, или два помалку од екипите кои се наоѓаат на второто, односно третото место. Кул има 19 бодови, додека Македонија Ѓ.П и Куманово 2012 по 18 бодови.

Кај повозрасните петлиња, избраниците на Горан Тодоровски исто така одиграа 7 натпревари, на кои остварија скор од три победи, два нерешени резултати и два порази, односно собраа 11 бодови со кои се наоѓаат на 9.позиција.

Регионална Скопска Лига за помлади петлиња

Регионална Скопска Лига за повозрасни петлиња