Кадетите на КУЛ со победа на пријателски натпревар одигран во Будимпешта

(Табели) Генерацијата 2009 заврши како есенски шампион иако одигра само 7 натпревари
12/08/2022
(Фото+Видео) Од дуелот на кадетите во Будимпешта
12/12/2022

Кадетите на КУЛ со победа на пријателски натпревар одигран во Будимпешта

Нашиот клуб се наоѓа во посета на Унгарија, каде денес одигра пријателски натпревар со една од подобрите фудбалски академии во Будимпешта, се работи за тимот на Pénzügyör SE. Нашиот тим составен од играчи родени 2005/06 година одигра добар натпревар и на крајот стигна до победа изразена со резултат 3:2

Стрелци на головите за нашиот тим беа дело на Стефан Филиповски, Матеј Цветановски и Белмин Цамиќ. Филиповски постигна гол од слободен удар, додека на голот на Цветановски претходеше акција во која асистираше Цамиќ. Голот на Цамиќ беше постигнат со удар од белата точка. Шанси на натпреварот имаа уште и Васиќ и Наков.

КУЛ: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Мохамед Ахмедов, Владимир Стефановиќ, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Александар Блажевски, Дамјан Љубомировски, Матеј Цветановски, (К) Белмин Цамиќ и Борјан Наков.

Играа уште и Давид Димитриевски, Матеј Стојановски, Петар Лазовски, Никола Јовановски, Омар Беровиќ, Александар Спасевски и Лука Наумовски.