Полуфинале за генерација 2013 на турнирот во Бутел, три убедливи победи за избраниците на Пешевски за прво место во групата

Генерацијата 2013 ќе се натпреварува на новогодишен турнир во организација на ФК Бутел
12/22/2022
Солидна полусезона за помладите пионери во лигата, обезбеден и пласман во следната фаза од Купот
01/04/2023

Полуфинале за генерација 2013 на турнирот во Бутел, три убедливи победи за избраниците на Пешевски за прво место во групата

Генерацијата 2013 се пласираше во полуфиналето на турнирот кој го организира фудбалскиот клуб Бутел. Денес во спортската сала „Антон Димитров“ се играа натпреварите во групната фаза, по што се познати и екипите кои утре ќе се борат за еден од медалите на турнирот.

Избраниците на Дарко Пешевски вечерва одиграа три добри натпревари на кои остварија исто толку победи. Иако натпреварите се играат во сала, сепак нашите момчиња одлично се снајдоа успевајќи да ги надиграат своите противници. Постигнавме вкупно 14 голови, додека примивме само 1.

Турнирот го отворивме со висока победа во соочувањето со екипата на Осогово од Крива Паланка . На овој натпревар неизвесност имаше само за кратко, кога противникот намали на 2:1, за нашите млади надежи до крајот да постигнат уште три гола во противничката мрежа и да ги постават конечните 5:1 на овој натпревар.

Во второто коло се одигра дербито со екипата на Форца, натпревар на кој нашиот тим влезе многу мотивирано, што на крајот резултираше со висок триумф. Иако екипата на Форца, прва го отвори резултатот, сепак за многу кратко во интервал од три минути избраниците на Пешевски со два гола направија пресврт и поведоа со 2:1, што беше само дополнителен мотив за нашите играчи. Форца можеше да се врати во натпреварот, но не успеа да погоди удар од белата точка, за ние да казниме и со нови два гола да ги поставиме конечните 4:1 на овој натпревар.

Во последниот натпревар од групата за противник го имавме тимот на Смилковци, од кој бевме подобри со резултат 5:0.

Утре на програмата се полуфиналните и финалните натпревари, како и доделување на медалите. Во полуфиналето нашиот состав ќе се сретне со екипата на Брегалница.