Пласман во најдобрите осум екипи во Купот, двајца играчи со ист број на голови за кадетите во лигата

Како помина полусезоната за пионерите на Кул
01/05/2023
Преглед на остварените резултати за младинците во есенскиот дел
01/08/2023

Пласман во најдобрите осум екипи во Купот, двајца играчи со ист број на голови за кадетите во лигата

Кадетите одиграа 10 натпревари во есенскиот дел од сезоната, со оглед дека последното коло на домашен терен против екипата на Работнички се одложи. Оваа генерација се наоѓа на 8.место со вкупно 14 освоени бодови, остваривме 3 победи, 5 нерешени резултати и 2 порази и сме екипата со најмногу нерешени исходи во лигата. Имаме позитивна гол разлика од 16 постигнати и 10 примени голови. Најубедливите победи беа на натпреварите против екипите на Охрид и Милано, додека најголемиот триумф го остваривме во Тетово, кога успеавме да ја победиме екипата на Шкендија.

Постигнатите резултати за кадетите во првиот дел од сезоната во првенството: 

1.коло: Вардар – Кул  4:2

2 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  1:1

3 коло: Шкупи – Кул  0:0

4 коло: Кул – Академија Пандев  0:0

5 коло: Пелистер – Кул  2:0

6 коло: Кул – Победа  1:1

7 коло: Брегалница – Кул  1:1

8 коло: Охрид – Кул  0:5

9 коло: Кул – Милано  5:1

10 коло: Шкендија – Кул  0:1

11 коло: Кул – Работнички  (одложен)

Двајца играчи постигнаа еднаков број на голови во есенскиот дел, вака изгледа листата на стрелци во лигата кај кадетите:

  1. Борјан Наков и Белмин Цамиќ  -4
  2. Стефан Филиповски и Матеј Цветановски -2
  3. Александар Блажески, Кристијан Теновски, Осман Фејзула и Даниел Васиќ -1

Кадетите се најдоа во најдобрите осум екипи во Купот, откако во 1/8 финалето убедливо на гостински терен го победија тимот на Работнички со резултат 1:4. Белмин Цамиќ постигна два, додека по еден гол беа дело на Владимир Стефановиќ и Борјан Наков.