Преглед на остварените резултати за младинците во есенскиот дел

Пласман во најдобрите осум екипи во Купот, двајца играчи со ист број на голови за кадетите во лигата
01/06/2023
Пријателските натпревари на кадетите и младинците против Македонија Ѓ.П завршија со нерешен резултат
02/04/2023

Преглед на остварените резултати за младинците во есенскиот дел

Со 9 освоени бодови од 10 одиграни натпревари, нашите младинци се наоѓаат на деветтото место на табелата во младинската Супер Лига. Избраниците на Драган Стефановски остварија три победи и седум порази, без ниту еден нерешен резултат. Гол разликата е 7 постигнати и 22 примени голови. Интересно е тоа што две од трите победи, беа против лидерот во лигата, екипата на Академија Пандев, и над Победа, учесникот во квалификациите во Лигата на Шампионите за оваа сезона.

Постигнатите резултати за младинците во првиот дел од сезоната во првенството: 

1.коло: Вардар – Кул  1:0

2 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  1:2

3 коло: Шкупи – Кул  4:1

4 коло: Кул – Академија Пандев  2:0

5 коло: Пелистер – Кул  2:0

6 коло: Кул – Победа  1:0

7 коло: Брегалница – Кул  3:1

8 коло: Охрид – Кул  1:0

9 коло: Кул – Милано  1:0

10 коло: Шкендија – Кул  9:0

11 коло: Кул – Работнички  (одложен)

Листа на стрелци кај младинците:

  1. Горјан Манасиевски и Горазд Попов  -2
  2. Бојан Јанкулоски, Дарио Методиевски и Леонид Миноски -1

На единствениот 1/8 финален натпревар кој се одигра на Алумина, младинците беа поразени со резултат 3:1 од екипата на Работнички. Стрелец на единствениот гол за нас беше Марко Мицевски.