Генерациите 2007, 2008 и 2009 ќе се натпреваруваат на меѓународниот турнир „Пирин Куп“

Пријателските натпревари на кадетите и младинците против Македонија Ѓ.П завршија со нерешен резултат
02/04/2023
Претстојниов викенд стартува пролетниот дел во Детската Лига на ФФМ
02/16/2023

Генерациите 2007, 2008 и 2009 ќе се натпреваруваат на меѓународниот турнир „Пирин Куп“

Генерациите 2007, 2008 и 2009 во периодот од 14-18.февруари ќе се натпреваруваат на меѓународниот турнир „Пирин Куп“ кој се одржува во Сандански (Бугарија). Веќе се познати противниците на нашите екипи во групната фаза, како и термините на одигрување натпревари.

Кај генерацијата 2007 ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи, поделени во три групи. Пласман во полуфиналето ќе обезбедат првопласираните од трите групи, како и најдобрата второпласирана екипа.

И кај генерацијата 2008 учество ќе земат 12 екипи поделени во три групи, а во полуфиналето ќе играат екипите кои ќе го освојат првото место во групите, како и најдобрата второпласирана екипа.

Вкупно 16 екипи ќе се натпреваруваат кај генерацијата 2009. Осум екипи, меѓу кои и ние ќе се играме во Сандански, додека другите осум екипи ќе се натпреваруваат во Струмиани. Екипите кои ќе се пласираат на првите две места ќе играат во полуфиналето на турнирот „Пирин Куп“