Четврто место за генерација 2009 на меѓународниот турнир во Сандански

Претстојниов викенд стартува пролетниот дел во Детската Лига на ФФМ
02/16/2023
Второ пролетно коло во Детската Лига на ФФМ
02/23/2023

Четврто место за генерација 2009 на меѓународниот турнир во Сандански

Нашите екипи завршија со настапите на меѓународниот турнир „Пирин Куп“ кој се одржува во Сандански (Бугарија).

Генерацијата 2009 го освои 4.место на турнирот, откако попладнево загуби во битката за бронза од екипата на Спартак Пловдив со резултат 1:2. Голот за нас беше дело на Матеј Ивановски. Претходно на полуфиналниот натпревар со идентичен резултат загубивме од екипата на Парк. Во групната фаза, оваа генерација одигра три натпревари, на кои оствари две победи и еден нерешен резултат.

Генерацијата 2007 во разигрувањето за пласман беше поразена од екипата на Спартак Плевен со резултат 0:2.

Последниот натпревар на турнирот го одигра и генерацијата 2008, која во борбата за пласман беше поразена од екипата на ФА Пловдив со резултат 1:2. Стрелец на единствениот гол за нас беше дело на Михаил Алексов.