КУЛ со нови три генерации ќе се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“

Второ пролетно коло во Детската Лига на ФФМ
02/23/2023
Денес, контролни натпревари одиграа генерациите 2004, 2005, 2008 и 2009
02/25/2023

КУЛ со нови три генерации ќе се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“

Во периодот од 27.02-03.03 уште три наши екипи ќе се натпреваруваат на силниот меѓународен турнир во Сандански (Бугарија). Нашиот клуб ќе земе учество со генерациите 2011, 2012 и 2014.

Турнирот посебно ќе биде силен кај генерацијата 2011, каде нашиот тим ќе биде дел од групата А во која се уште и екипите на Фенербахче (Турција), Парк 2 (Скопје) и Септември Софија (Бугарија). Вкупно ќе се натпреваруваат 16 екипи поделени во четири групи, а екипите кои ќе завршат на првите две места во секоја од групите, ќе го продолжат натпреварувањето, во 1/4 финалето.

Кај генерацијата 2012 вкупно 12 екипи ќе се борат за еден од медалите на турнирот. Ние сме дел од групата А, каде се уште и екипите на Дачија (Молдавија), ФА Пловдив (Бугарија) и Дрита (Косово). Само првопласираните од групите и најдобро второпласираниот тим ќе обезбедат пласман во 1/2 финалето.

Генерацијата 2014 исто така ќе биде дел од турнирот во Сандански, во оваа генерација учество ќе земат вкупно осум екипи поделени во две групи. Нашите млади надежи се дел од групата Б, во која се и екипите на Спорт Вилаж (Бугарија), Јанг Тим (Струга) и Локомотив Софија (Бугарија). Пласман во 1/2 финалето ќе обезбедат екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групите.