Денес, контролни натпревари одиграа генерациите 2004, 2005, 2008 и 2009

КУЛ со нови три генерации ќе се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“
02/23/2023
Победи за пионерските екипи на пријателските натпревари со Тетекс
02/26/2023

Денес, контролни натпревари одиграа генерациите 2004, 2005, 2008 и 2009

Пријателски натпревари во теков на денешниот ден одиграа генерациите 2004, 2005, 2008 и 2009.

Кадетите и младинците во Тетово одиграа контролни натпревари со екипата на Тетекс.

Нашите кадети успеаа да излезат како победници во соочувањето со Тетекс. Избраниците на Драган Стефановски славеа висока победа со резултат 0:5. По два гола беа дело на Белмин Цамиќ и Даниел Васиќ, додека еден постигна Борјан Наков. Добар натпревар за нашите кадети кој на крајот резултираше со висока победа.

КУЛ: Давид Димтриевски, Кристијан Теновски, Александар Блажевски, Осман Фејзула, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски, Белмин Цамиќ, Давид Голубов, Борјан Наков, Дамјан Љубомировски.

Младинците на Кул и Тетекс одиграа со нерешен резултат 1:1. Откако полувреме домашниот тим беше во предност, нашиот состав во вториот дел со голот на Јордан Петровски го израмни резултатот.

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафировски, Марко Мицевски, Филип Стојанов, Мухамедин Фејзула, Дарио Методиевски, Јордан Петровски, Горазд Попов, Стефан Стојановски, Теодор Перковски, Горјан Манасиевски.

Генерацијата 2008 гостуваше кај екипата на Македонија Ѓ.П од која беше поразена со резултат 2:1. Долго време избраниците на Тодоровски беа во предност со голот на Трајче Талески, за противникот во последните шест минути од натпреварот да постигне два гола и да го добие овој дуел во своја корист.

Активна денес беше и генерацијата 2009 на Марко Арсовски која гостуваше кај екипата на Биџо. Домаќинот од Куманово славеше победа со резултат 4:2. Головите за нас ги постигнаа Марко Магларовски и Леон Андовски.

Утре во Тетово, контролни натпревари со Тетекс ќе одиграат и нашите пионерски екипи предводени од Стојан Тодоровски.