Младинците на КУЛ без бодови од денешниот дуел

КУЛ со пресврт на кадетскиот дуел го совлада ФК Вардар
03/04/2023
Минимален пораз на ЖФК Истатов КУЛ на денешната средба
03/04/2023

Младинците на КУЛ без бодови од денешниот дуел

Младинците на КУЛ, во првото пролетно коло одиграа дуел со Вардар, на натпреварот на „Цементарница“ одигравме добро прво и лошо второ полувреме, бевме совладани со резултат 0-5 (0-0).

КУЛ: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован (К) Стојановски Стефан,  Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан,  Попов Горазд ,  Перковски Теодор и  Стојанов Филип.

Првиот дел започна со цврста игра на двата младински колективи на „Цементарница“, ние имавме приви шанса, се закани за нас капитенот Митревски Јован. Потоа црвено-црните младинци имаа два обиди во првиот одлично одбрани нашиот голман, Цветковски Мартин-Мане, во вториот топката мина крај голот. Првиот дел заврши со резултатска симетрија, за нас Стефан Ѓорѓиев по изведена корна од десниот агол се закани, сепак и неговиот обид не донесе тресење на мрежата на вардаровиот тим.

Во вториот дел за разлика од првиот во кој бевме рамноправни и се закнаувавме да погодиме за водство на оваа младинска средба од 12.коло во Супер лигата за младинци во вториот дел бевме неколку пати совладани. Вардар дојде до победа со резултат 0-5 на оваа фудбалска средба.

За нас на оваа среба во игра Фејзула Мухамедин и Дончевски Милан.