Наков и Голубов донесоа нова победа за кадетите, младинците минимално поразени од Македонија Ѓ.П

КУЛ против Вардар во 1/4 финалето на Купот
03/10/2023
Пораз за помладите пионери од екипата на Македонија Ѓ.П
03/12/2023

Наков и Голубов донесоа нова победа за кадетите, младинците минимално поразени од Македонија Ѓ.П

Денес на теренот во Ѓорче, нашите кадети и младинци гостуваа на екипата на Македонија Ѓ.П, на натпревари од 13.првенствено коло. Беше забележана победа со кадетите и пораз со младинците.

Кадетите се наоѓаат во одлична форма во пролетниот дел од сезоната, остварувајќи ја третата последователна победа. Денес, избраниците на Стефановски славеа со резултатски пресврт (1:2), откако на полувреме имаа негатива (1:0).

Во првиот дел имавме шанси преку Наков и Цамиќ, но немаше промена на резултатот. Исто така се закани и домашната екипа, но одбрани на нашиот гол, Јордан Јосифов. Екипата на Македонија Ѓ.П успеа со удар од белата точка во 37 минута да поведе со 1:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме, нашите кадети направија пресврт и на крајот стигнаа до победата. После една соло акција, Борјан Наков беше играчот кој со лоб удар во 65 минута ни донесе израмнување на 1:1. Имавме нови прилики преку Наков и Цамиќ, но противникот одолеа до тој момент на нашите напади. Се играше 87 минута кога Давид Голубов со прекрасен удар од некаде 18.метри успеа да ја погоди противничката мрежа за наша голема радост и за водство од 1:2, резултат кој беше и конечен на овој натпревар од кадетската Супер лига.

КУЛ: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Владимир Стефановиќ, Осман Фејзула, Белмин Цамиќ, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Дамјан Спасовски, Матеј Цветановски (К), Стефан Филиповски и Давид Голубов.

Во игра влезе Александар Спасовски.

Младинците беа поразени со резултат 2:1. Уште во 4.минута од натпреварот, противникот успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. После негативата имавме свои прилики кои не успеавме да ги реализираме, на полувреме се замина со овој резултат.

Во второто полувреме, после само пет минути игра успеавме да го израмниме резултатот со голот на Горазд Попов, но сепак во 71.минута, домашниот тим ја врати предноста од 2:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски (К), Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Дарио Методиевски, Стефан Стојановски, Горазд Попов, Горјан Манасиевски, Теодор Перковски, Филип Стојанов и Александар Блажевски.

Играа уште и Илхан Имеров, Милан Дончевски и Јордан Петровски.