Стојанче Камчев донесе три бода за пионерите

Пораз за помладите пионери од екипата на Македонија Ѓ.П
03/12/2023
Висока победа за Истатов Кул на гостувањето кај екипата на Шкендија
03/12/2023

Стојанче Камчев донесе три бода за пионерите

Пионерите стигнаа до победа во соочувањето со екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот кој се одигра на Цементарница го доби нашиот тим со резултат 2:0 (1:0). Двата гола беа дело на Стојанче Камчев.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Диковски, Дамјан Спасовски, Александар Спасовски, Јован Михов, Илхан Имеров, Гаврил Петаноски, Петар Трпевски (К), Лука Наумовски, Никола Јовановски, Стојанче Камчев и Марко Костовски.


Нашиот состав денес ги реализира своите шанси и со по еден гол во двете полувремиња успеа да го добие натпреварот против екипата на Македонија Ѓ.П. Резултатот беше отворен во 22.минута кога Камчев најдобро се снајде и успеа да ја погоди мрежата на гостинската екипа за предност од 1:0. Во овој дел од натпреварот, тимот од Ѓорче немаше ниту една сериозна закана кон нашиот гол, едноставно Даниел Диковски немаше многу работа на овој дуел од пионерската Супер Лига.

Камчев пред да го постигне вториот гол, имаше уште една убава можност, по асистенција од Спасовски не успеа да реализира, затоа во следната акција, во 73 минута успеа повторно да го матира гостинскиот голман за водство од 2:0. Противникот имаше еден опасен удар кој заврши над голот. На крајот конечни 2:0 во корист на нашите пионери.