Убедлива победа за генерација 2009 на натпревар од Регионалната Скопска Лига против екипата на Грозданоски

Втора последователна победа за ЖФК Истатов Кул, три бода во соочувaњето со ЖФК Борец
03/18/2023
Повозрасните петлиња со доминантна победа против Грозданоски
03/18/2023

Убедлива победа за генерација 2009 на натпревар од Регионалната Скопска Лига против екипата на Грозданоски

Генерацијата 2009 успеа да победи на натпревар од Регионалната Скопска Лига, против екипата на Грозданоски. Нашите млади надежи славеа со резултат 3:0 (1:0).

Тренерот Арсовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Божидар Георгиевски, Андреј Илиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски (К), Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Матеј Фидановски.

Уште во 9.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот на Кирил Стојановски, кој погоди на асистенција од Дуковски. Имавме контрола на играта и иницијатива на овој натпревар. Во првиот дел обиди имаа уште и Матеј Ивановски и Петар Крчаноски, но на полувреме резултатот гласеше 1:0.

Во вториот дел успеавме да постигнеме уште два гола во мрежата на Грозданоски. Избраниците на Арсовски продолжија со офанзивната игра, едноставно се редеа шансите пред голот на противникот. Откако противничката одбрана не успеа да исфрли една топка, тоа го казни Јован Гиевски кој со силен и прецизен удар успеа да го совлада гостинскиот голман за предност од 2:0 во 44 минута. Најубавиот гол на натпреварот беше дело на Матеј Ивановски кој од слободен удар ја „искина“ мрежата“’ за предност од 3:0 во 63 минута. До крајот на дуелот имавме уште неколку прилики, но крајниот резултат гласеше 3:0.

Во игра влегоа Мартин Митаноски, Андреј Нешевски, Јорго Цаца, Марко Мартин Митановски, Марио Николовски, Горазд Ѓуроски, Стефан Адамчевски и Иван Смиљевски. 

Одлична игра за оваа генерација на Кул, која ја оствари првата пролетна победа во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња.