Втора последователна победа за ЖФК Истатов Кул, три бода во соочувaњето со ЖФК Борец

Распоред на натпревари во Детската Лига на ФФМ
03/17/2023
Убедлива победа за генерација 2009 на натпревар од Регионалната Скопска Лига против екипата на Грозданоски
03/18/2023

Втора последователна победа за ЖФК Истатов Кул, три бода во соочувaњето со ЖФК Борец

Втора последователна победа за екипата на ЖФК Истатов Кул. Денес на Цементарница, на натпревар од 15.коло во првата женска фудбалска лига, нашиот тим убедливо со резултат 8:0 го победи тимот на Борец.

Тренерот Изов стартуваше со следниве 11-сетмина; Тина Туџарска, Севим Илјаз, Ана Нешковска, Ива Здравеска, Симона Меијер, Љубица Асановиќ, Јована Вучичевиќ, Радица Чонева (К), Сузана Бошковска, Александра Јовановска и Кристина Петрушевска.

Целосна доминација на нашите фудбалерки кои славеа заслужена победа, а голеадата ја најави во 23 минута капитенот на тимот, Радица Чонева која го отвори резултатот за 1:0. Пред да го зголемиме резултатот свои обиди имаа Нешковска, Меијер и Чонева, додека предноста на 2:0 беше зголемена во 40 минута кога мрежата на Борец по втор пат ја затресе Чонева. Во 43 минута избраничките на Изов имаа и водство од 3:0 со голот на Кристина Петрушевска.

Продолжи нашата офанзивна игра и во вториот дел од натпреварот која беше наградена со уште пет голови во мрежата на велешанки. Истите беа дело на Јована Вучичевиќ, Ема Нановска, Кристина Петрушевска и два нови погодоци за Чонева, за конечни 8:0.