“Пролетна офанзива” на кадетите, со нова победа избија на 2.позиција на табелата, падна и Шкупи

Поделба на бодовите за пионерите на Кул и Шкупи, минимален пораз за помладите пионери
03/18/2023
Ѓорѓиев Стефан донесе реми за младинците на натпреварот со Шкупи
03/19/2023

“Пролетна офанзива” на кадетите, со нова победа избија на 2.позиција на табелата, падна и Шкупи

Денес на стадионот „Цементарница“, кадетите на КУЛ  ја продолжија победничката низа, тие имаат 8.победи по ред, или 4.врзани во 2023 година. Од долниот дел на табелата овие 8.кола постепено напредуваа и денес дојдоа до позицијата број два. Ја минавме и екипата на Македонија ЃП, сега сме на позицијата зад лидерот. Победата над ФК Шкупи денес дојде со резултат 1-0 (0-0).


КУЛ: Јосифов Јордан, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Фејзула Осман, Трпевски Петар Цамиќ Белмин, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Љубомировски Дамјан, Цветановски Матеј (К) и Голубов Давид


Дуелот се играше на сончево време, одлични услпви имаа двата тима за натпреварување, по почетното испитување на силите ние имавме дури четири шанси за гол. Најпрвин капитенот, Цветановски Матеј се обиде од слободен удар, потоа по прекин од десната страна топката дојде повторно до капитенот кој со волеј не успеа да донесе предност. Ние бевме тимот кој беше далеку поофанзивен особено во првата половина на полувремето. Две шанси за погодок имаше и Васиќ Даниел, најпрвин шутна силно од 13-14.метра голманот имаше среќа што таа топка го зафати во ногата и се одби во поле, потоа истиот играч со глава од десеттина метра упати удар кој беше исфрлен во корнер. Имавме повеќе од теренска инцијатива и поседот на топката во првите 45.минути, сепак на одмор заминавме со почетниот резултат 0-0.


Вториот дел започна со целосна офанзива на нашиот тим, ние сакавме да поведеме и да дојдеме до победа, противникот беше задоволен со бод и играше „бункер“. Одлична шанса пропуштивме по 10.минути игра Цветановски Матеј асистираше до Цамиќ Белмин кој мина два играчи и нафрли до Теновски Кристијан чиј удар беше блокиран на крајот. На сцена стапи Наков Борјан, најпрвин упати опасен удар од дистанца кој голманот на ривалот со крајни напори го исфрли во корнер, во следната ситуација искористи една мешаница и погоди за 1-0. После голот атакувавме да ја удвоиме предноста, Наков и Васиќ Даниел имаа свои прилики кои не донесоа погодок. Успеавме да дојдеме до четврта победа оваа пролет во низа со резултат 1-0.

Во вториот дел кај нас тренерот Гаге Стефановски им даде шанса за настап и на Спасовски Александар,  Спасовски Дамјан и Имеров Илхан.