Поранешниот мак.селектор, Ѓоре Јовановски нов координатор во ФК КУЛ

Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, Академија Пандев е следен противник
03/30/2023
Матеј Ивановски со нов евро гол донесе победа за помладите „петлиња“ на натпреварот против екипата на Парк
04/01/2023

Поранешниот мак.селектор, Ѓоре Јовановски нов координатор во ФК КУЛ

ФК КУЛ продолжува со кадровското екипирање и засилување во стручниот тренерски кадар во тимот. Со гордост објавуваме дека поранешниот македонски селектор на А-тимот на земјава, човекот кој беше  тренер на голем број на македонски прволигаши и работеше и во странски тимови кои се натпреваруваа во најсилните шампионати во нивните земји, Јовановски Ѓоре е дел од КУЛ.

Јовановски во нашата екипа ќе биде координатор на младите категории, неговото огромно фудбалско искуство од времето кога настапуваше во една од најсилните лиги, тогашната ЕХ – ЈУ лига и лигите во странство, подоцна надоградено со големиот број на тренерски ангажмани ќе го пренесе на нашиот тим. Поранешниот селектор, чие присуство во нашата екипа е од големо значење за нас,  ја прифати  понудата да биде дел од семејстовото КУЛ, за тоа вели:

Ја прифатив со задоволстно понудата од КУЛ, бидејќи ова е биде сосема ново искуство за мене. Веднаш  ги препознав амбициите на сопственикот  Цветановски Рацо. Дефинитивни, тимот на Кул е фудбалска академија која има најдобри услови во Македонија, верувајте младинците на нашите најпознати клубови не тренираат во вакви услови, нив ги влечат по разноразни терени, балони, а така тешко да има напредок. Во тимот   на Кул мојата задача  ќе биде координатор на повозрасните категории, консултации со нивните тренери, воведување на некои новитети, сѐ со цел клубот што повеќе и побрзо да напредува. Многу работа и многу цврста волја, убеден сум дека резултатите ќе дојдат. Ова воедно е и мој апел до луѓето што го водат македонскиот фудбал, да инвестираат во инфраструктура за младите категории, зашто само така ќе можеме да ги пратиме модерните трендови во светот на фудбалот-вели нашиот нов кординатор.