Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, во рамките на 17.коло ќе играме со Победа од Прилеп

Во друштво на Хајдук, Динамо Загреб, Ријека, Осијек, Шахтјор Доњецк и други силни екипи, генерацијата 2010 ќе игра на „Макарска Куп 2023“
04/19/2023
Во недела ќе се одигра ново коло во Детската Лига на ФФМ
04/20/2023

Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, во рамките на 17.коло ќе играме со Победа од Прилеп

После велигденските празници, продолжува Супер Лигата, со натпреварите од 17.коло. Наш противник во ова коло ќе биде екипата на Победа од Прилеп.

Во петок (21.04) со кадетите и младинците ќе гостуваат во Прилеп. Натпреварите ќе се одиграат на теренот со вештачка трева со  почеток од 11:00 и 13:00 часот.

Во сабота (22.04) на стадионот „Цементарница“ со почеток од 12:00 и 14:00 ќе се одиграат натпреварите на пионерските екипи против Победа.

Нашите погледи се посебно насочени кон кадетската екипа, која се бори за Шампионската титула. Сигурно дека би направиле голем исчекор кон остварување на целта, ако успееме со три бода да заминеме од гостувањето во Прилеп.