Генерацијата 2010 стартуваше со настапи на силниот меѓународен турнир „Макарска Куп“

Кадетките и младинките на Истатов Кул гостуваа кај екипата на ЖФК Тиверија
04/21/2023
Љамалари и Митров за три бода на помладите пионери, триумф во дуелот со Победа
04/22/2023

Генерацијата 2010 стартуваше со настапи на силниот меѓународен турнир „Макарска Куп“

Генерацијата 2010 стартуваше со настапи на силнииот меѓународен турнир „Макарска Куп“ во Хрватска.

Денес на програмата се три натпреври, од кои два веќе ги одигравме. Турнирот го стартувавме утрово со натпревар против екипата на Ријека, од која бевме поразени со резултат 2:1. На полувреме резултатот беше 1:1, а стрелец за нас беше Никола Јанкулоски. Треба да се потенцира, дека противникот во последната минута од натпреварот успеа да постигне гол од пенал, кој беше крајно сомнителен, да не кажеме и непостоечки. Сепак на крајот бодовите завршија кај тимот на Ријека.

Во рамките на 2.коло, избраниците на Марко Арсовски издвојува висока победа против екипата на Адриатик Сплит. Конечниот резултат гласеше 3:0 Добра игра за нашите млади надежи, кои создадоа голем број на шанси, од кои три беа претворени во погодок. Стрелци на головите беа Кирил Радевски, Огнен Јаков и Илија Аксентиев кој постигна евро гол.

Вечерва играме уште еден натпревар, а противник ни е екипата на Вуковар.