Без бодови за кадетите и младинците на гостувањето кај Победа

Во недела ќе се одигра ново коло во Детската Лига на ФФМ
04/20/2023
Кадетките и младинките на Истатов Кул гостуваа кај екипата на ЖФК Тиверија
04/21/2023

Без бодови за кадетите и младинците на гостувањето кај Победа

Кадетите и младинците останаа без бодови на денешните натпревари од 17.коло против екипата на Победа. Нашите состави гостуваа во Прилеп, натпревари на кои до победи дојде домашната екипа.

Кадетите иако први успеаа да го отворат резултатот, сепак на крајот беа поразени со резултат 3:1. Не можевме да посакаме подобар почеток на натпреварот кога Даниел Васиќ со директен удар од корнер успеа да го матира домашниот голман и да ни донесе предност од 0:1.Штета што не заминавме на одмор со предност, сигурно дека конечниот исход на овој натпревар ќе беше поразличен. За само две минути, му дозволивме на противникот да постигне два гола, и тоа во 43 и 45 минута од натпреварот за да направат резултатски пресврт од 2:1.

Имавме свои прилики и во вториот дел, кои останаа без реализација, тоа го казни Победа во 88. минута кога постигна уште еден гол во нашата мрежа за конечни 3:1 на овој натпревар во кадетската Супер лига.

КУЛ: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Владимир Стефановиќ, Белмин Цамиќ, Бојан Нацев, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Дамјан Љубомировски, Матеј Цветановски (К), Стефан Филиповски, Александар Блажески.

Играа уште и Петар Трпевски, Дамјан Спасовски и Никола Јовановски.

Сличен тек на настаните видовме и на младинската средба на Победа и Кул. Ние бевме први кои успеавме да постигнеме гол, тоа се случи во 28.минута кога Теодор Перковски ни донесе водство од 0:1.Сепак Победа, врати со три гола, и тоа во 32. 37 и 40 минута, за многу краток интервал направија комплетен пресврт и на одмор заминаа со водство од 3:1.

Возбудулива завршница во 83.минута донесе нововлезениот Стојанче Камчев кој намали на 3:2, ние после овој гол тргнавме со сите сили да го израмниме резултатот, но противникот сепак стави печат на победата во 90.минута за конечни 4:2.

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓоргиев, Јован Митревски (К), Стефан Стојановски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Јордан Петровски.

Играа уште и Давид Димитриевски и Стојанче Камчев.