Ема Нановска донесе триумф за кадетките на Истатов Кул, на натпревар против Победа Валандово

Стартуваат елиминациските натпревари во Детската Лига на ФФМ
05/04/2023
Хет-трик на Борјан Наков за голема победа на кадетите против Охрид
05/06/2023

Ема Нановска донесе триумф за кадетките на Истатов Кул, на натпревар против Победа Валандово

Денес на натпревар од 12.коло во женската фудбалска лига-Исток, кадетките на Истатов Кул беа подобри од екипата на Победа Валандово. Натпреварот кој се одигра на Цементарница заврши со резултат 2:1.

Нашите кадетки на полувреме имаа предност од 2:1 со погодоците на Ема Нановска во 6. и 22.минута од натпреварот. Нашиот играч искористи добри додавања од своите соиграчи и на два пати успеа да ја затресе противничката мрежата.

Пред крајот на првиот дел екипата на Победа Валандово успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 2:1, кој беше актуелен на полувреме. Во првото полувреме од слободен удар се обиде Христина Јовановска која биеше крај голот, додека во добра прилика се најде Ева Тодорчевска која за малку биеше крај голот. Една добра интервенција имаше нашиот голман Илина Кировска.

Во вториот дел не видовме погодок, иако ние имавме две добри шанси за зголемување на резултатот преку Ева Тодорчевска и Христина Јовановска, но немаше реализација. Една прилика имаше и екипата на Победа Валандово, но одбрани нашиот голман. На крајот конечни 2:1 во корист на Истатов Кул.

Истатов Кул: Илина Кировска, Надица Стојановска, Катерина Трајкова, Каја Диневска, Ема Нановска, Јана Бајдевска, Ева Тодорчевска, Мила Цветановска, Мила Миткова, Ангелина Димишковска (К), Христина Јовановска.