Генерацијата 2015 денес заминува на турнир во Бугарија

(Фотогалерија) Кадетите го добија трофејот за освоеното прво место во Кадетската Супер Лига
06/01/2023
(Фотогалерија) ФК Работнички – ФК КУЛ (кадети)
06/02/2023

Генерацијата 2015 денес заминува на турнир во Бугарија

Генерацијата 2015 предводена од Љупчо Методиевски денес заминува за Бугарија, каде од утре ќе се натпреварува на турнирот „Орлетата Куп“

На турнирот учество ќе земат девет екипи поделени во две групи. Нашите млади надежи се дел од групата Б, во која се уште и екипите на Академија Нацев, Хлапетата и Костендил.

Утре ќе ги одиграме сите три натпревари во групната фаза, а турнирот го отвараме со дуел против екипата на Костендил, натпревар кој ќе стартува од 09:00 часот по македонско време. Во 12:00 по наше време ќе играме со Академија Нацев, додека групата ја затвараме со натпревар против Хлапетата, кој ќе стартува од 14:00 часот.