Дамјан Тодоровски: Желбата да тренирам фудбал, се роди кога го гледав татко ми како настапува за нашата репрезентација

Марко Арсовски: Една од моите најдобри одлуки е доаѓањето во КУЛ, моето мото секогаш е „пред се биди човек, па после се друго”
08/03/2023
Леон Дончевски: Се надевам дека ќе постигнеме успех на „КУЛ КУП“, мојата цел е да настапувам за националната репрезентација
08/16/2023

Дамјан Тодоровски: Желбата да тренирам фудбал, се роди кога го гледав татко ми како настапува за нашата репрезентација

Следното наше интервју е со Дамјан Тодоровски, играч кој настапува за генерацијата 2012, уште еден од низата млади и перспективни играчи на нашиот клуб.

1. Од каде произлезе желбата да започнете да тренирате фудбал ?

-Желбата да тренирам фудбал, се роди кога го гледав татко ми како настапува за нашата репрезентација и јас веднаш посакав да тренирам фудбал.

2. Како Дамјан ја гледа фудбалската игра, што е потребно за еден тим да биде успешен ?

-За тимот да биде успешен , потребно е квалитетна екипа, добар спортски дух, единство , пожртвуваност и другарство.

3. Кој е вашиот омилен европски клуб ?

-Мојот омилен тим е Реал Мадрид.

4. На почетокот на месец септември со вашата генерација ќе се натпреварувате на Кул Куп 2023, еден од најсилните меѓународни турнири во нашата земја кој го организира нашиот клуб. Што може да очекуваме од вашиот тим на турнирот, на кој ќе настапат силни екипи, како од Македонија така и надвор од нашата земја ?

-Што се однесува до престојниот КУЛ КУП 2023 , од мојата екипа може да очекувате добра игра, максимална борбеност од целиот тим и се надевам на добри резултати.

-5. Освен фудбал, што најмногу од спорт сакате да гледате на малите екрани ?

-Покрај фудбал, ги гледам и останатите спортови како, кошарка, ракомет, футсал, тенис.

6. Како Даме го помина летниот распуст, пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона ?

-Распустот го поминав со многу дружба, спорт и одмор. Секојдневно самостојно тренирам за да ја одржам формата.

7. Опишете ја со три збора вашата генерација ?

-Другарство, единство, фамилија.

8. Која е идеалната позиција на теренот на која се гледате во иднина ?

-Добро се чувствувам во одбраната и на средината на теренот и мислам дека таму се гледам и во иднина, а моја желба е да играм како последен играч за врска.

9. Која е целта која сакате да ја остварите на фудбалски план ?

-Мојата цел  е да заиграм за фудбалската репрезентација на Македонија, а на клупско ниво за Реал Мадрид.