ФК Кул зазема учество на интернационалниот турнир “Elite Neon Cup 2024”

(Фотогалерија) Втор последователен триумф за повозрасните петлиња
10/10/2023
Прв турнир за генерација 2016, ново искуство за младите надежи на ФК “КУЛ”
05/14/2024

ФК Кул зазема учество на интернационалниот турнир “Elite Neon Cup 2024”

По освојувањето на турнирот во Волос со генерација 2010 на почетокот од оваа календарска година, ФК “КУЛ” беше поканет на најпрестижниот турнир во регионот и пошироко “Elite Neon Cup 2024” во Атина, Грција.

Во периодот од 29-ти Април до 2-ри Мај на купот под мотото “Иднината пристигна”, најталентираните млади фудбалери до 14 годишна возраст ги одмерија силите на фудбалските терени. Македонскиот тим апсолутно заслужено доби свое место по одличните резултати кој ги бележи во континуитет на територија на Македонија и на меѓународни турнири надвор од државата.

ФК “Кул” со познатиот англиски тим ФК “Ливерпул”, ФК “Редс” од Дубаи и ФК “Волос” од Грција се натпреваруваше во групата “Г’.
Екипата првиот ден од турнирот го заврши со две победи. Првиот натпревар го играше со ФК “Волос” од Грција која ја победи со резултат 2:0. Вториот натпревар го играше со екипата ФК “Редс” од Дубаи која го победи со резултат 1:0.
Вториот ден од турнирот го изигра последниот натпревар во група со екипата на “Ливерпул”. Натпреварот заврши со висок пораз каде ФК “Кул” загуби од Англискиот тим со резултат 1:8. ФК “Кул” заврши втор во групната фаза.
Во Playoffs 17-24 се изигра натпревар со екипата на FC “Alexandros Kilkis” кој заврши со победа за екипата на ФК “Кул” со резултат 3:0.
Последниот натпревар за 17 то место го изигра со FC “SA Athens College”, ФК “Кул” гo заврши натпреварот со победа, со резултат 1:0.
Турнирот во Атина, ФК” Кул” го заврши со четири победи и еден пораз од “Ливерпул”.
Екипата на ФК Кул на турнирот “Elite Neon Cup 2024” заврши на 17- то место од 48 екипи учесници.
Турнирот беше на високо ниво на кои учество заземаа елитни екипи како “Олимпијакос”,  “Панатинаикос”,  “АЕК”, “Паниониос”,  “Перистери”,  “Пафос”,  “Хелиополис”, “Атлетик”, “Редс”,  “Дубаи Сити”,  “Твенте”,  “Ексетер сити”,  “Интернационал”, “Тирана”, “Ла Лига Ас”  и “Ливерпул”. Чест и задоволство е ФК “Кул” што учествуваше на овој турнир каде се стекна со големо искуство и  стекна нови познанаства.
 
ФК Кул е прв претставник од Македонија кој ќе ја претстави нашата држава на Elite Neon Cup 2024.
Младите фудбалери  имаа можност да играат со познати фудбалски клубови за време на турнирот.

Во нашиот состав учествуваа: Стефан Стефаноски, Младен Крстевски, Марио Стојчевски, Никифор Демјановски, Кирил Радевски, Никола Јанкуловски, Огнен Јаков, Габриел Николовски, Иван Миленковски, Матеј Андреевски, Илија Аксентиев, Љупчо Трпковски, Горазд Здравевски, Виктор Трајковски, Стефан Ацковски, Матеј Стефановски, Атанасие Жепчевски. Тимот беше предводен од тренерот Драги Стефановски – “Гаге”, Наташа Ристеска и Влатко Колев.