ФК “Кул” со генерација 2014 учествуваше на “Макарска Куп”

Прв турнир за генерација 2016, ново искуство за младите надежи на ФК “КУЛ”
05/14/2024
Ücretsiz On-line Casino Oyunlar
05/21/2024

ФК “Кул” со генерација 2014 учествуваше на “Макарска Куп”

ФК “Кул” со генерација 2014 учествуваше на турнир “Макарска Куп 2024” во Макарска, Хрватска.
Во групна фаза првиот натпревар бевме поразени од екипата на ФК Истра од Хрватска со резултат 1:5.
Вториот натпревар заврши со наша победа, 3:0 со екипата на ФК Ураниа, Башка Вода Хрватска.
Третиот натпревар во група со ФК Бамбиноси од Сараево, Босна и Херцеговина беше нерешен 0:0. Во група бевме трето место, но исти бодови со екипата на ФК Кроација Змијавци и се играа пенали на кои победивме 3:2.
Со тоа се пласиравме во 1/8 финале каде имавме натпревар со екипата на ФК Неретва – Меткович, Хрватска каде бевме поразени со резултат 2:0.
Големо искуство за младите фудбалери кои земаа учество на турнирот и го претставија клубот и државата во “одлично светло”
Голема благодарност до организаторот за поканата и гостопримството.