Прв турнир за генерација 2016, ново искуство за младите надежи на ФК “КУЛ”

ФК Кул зазема учество на интернационалниот турнир “Elite Neon Cup 2024”
05/14/2024
ФК “Кул” со генерација 2014 учествуваше на “Макарска Куп”
05/14/2024

Прв турнир за генерација 2016, ново искуство за младите надежи на ФК “КУЛ”

ФК “Кул” со генерација 2016  заземе учество на “Next Level Tournament” во Охрид во организавија на ФК “Некст Левел” од 28 април до 01 мај.
Турнирот во Охрид децата го започнаа со прошетка низ Охрид, крстарење по Охридско Езеро.
Во групна фаза имаа една победа и  три порази, за жал во натпреварувачкиот дел не поминаа  во групна фаза, но фудбалерите се побогати со нови искуства со самото учество на турнирот.
Благодарност до домаќинот за поканата и гостопримството и честитки за организацијата на турнирот.
Mладите фудбалери  се дружea со нивните врсници и  стекнаa нови искуства и пријателства.
Овој турнир беше прв за генерација 2016 надвор од Скопје. Следните учества ќе бидат мотивација за нови успеси во оваа генерација.