Во текот на вчерашниот ден првиот свој собир во пресрет на новата сезона, го имаа генерациите 2005 и 2006. Во новата сезона пионерските екипи ќе бидат предводени од Никола Карчев, тренерот кој минатата сезона беше предводник на генерацијата 2007.
На првиот собир, играчите се запознаа со својот нов тренер, но имаа и полесен тренинг кој беше одработен со целосно внимание. Во новата сезона ќе бидеме дел од квалитетната Супер лига, а од 12-19 август ќе се преселиме во Струга, каде ќе продолжиме со подготовките.
Како беше на првиот тренинг можете да погледнете во продолжение.