Рестарт на „Детската лига КУЛ“, повторно многу натпревари, дружба и фудбалско уживање

Победа за генерација 2007 на натпревар со екипата на Фортуна
10/16/2021
Стартува новата сезона во Супер Лигата, нашиот клуб на „мегдан“ со Работнички
10/21/2021

Рестарт на „Детската лига КУЛ“, повторно многу натпревари, дружба и фудбалско уживање

Продолжуваме со „Детската лига КУЛ“,  нашиот клуб ја реактивира детската лига која ја организиравме и за жал поради пандемијата моравме да ја прекинеме кога беа прекинати и сите детски фудбалски активности во земјава.

Одлучивме сега кога се создадоа услови и има соодветни протоколи на натпреварување на младите фудбалери, истата да се продолжи. Време е на дечињата да им ја вратиме радоста, насмевката  и повторно да се натпреварувме во оваа детска лига „КУЛ“. Со нова енергија, со многу ентузијазам и желба за успех.

Пред пандемијата речиси една деценија  успешно се реализираше секоја недела лигата во која учествуваат фудбалски школи од територијата на Скопје. Децата меѓусено се натпреваруваат, дружат, разменуваат искуства, како и тренерите, што е од голема корист за тимовите. За гледачите се овозможени интересни натпревари, а за тие кои не се во можност да присуствуваат на натпреварите.

Голем број на екипи ќе бидат дел од истата, повик и до заинтересираните тимови да се придружат на натпреварувањето. Се враќа фудбалскиот празник, викендите ќе бидат резервирани за детски жагор, многу фудбалски мајстории, адреналин, возбуда, дружба на нашите терени. Имаме соодветни услови и инфраструкура за реализација на овој проект кој до пред пандемијата функционираше успешно неколку сезони наназад. Се ќе биде организирано по соодветните здраствени протоколи кои се на сила, дечињата ќе добијат шанса безбедно да се вратат на натпреварите и да уживаат во дуелите кои толку желно ги посакуваат.

Во продолжение видео од  репортажа направена на еден натпреварувачки ден на детската лига “КУЛ“ во минатото.