Прва победа сезонава за пионерите

Без бодови за генерација 2006 и на третиот првенствен натпревар
11/07/2021
„Гол шоу“ на Меланија Грозданова, нашите кадетки подобри од ЖФК Порече
11/07/2021

Прва победа сезонава за пионерите

Пионерите на Кул стигнаа до првата победа сезонава. Во рамките на 3.коло од пионерската Супер лига, нашите надежи на домашен терен беа подобри од екипата на Њу Старс. Конечниот резултат гласеше 2:1.

Тренерот Карчев започна со Јордан Јосифов, Владимир Стефановиќ, Томислав Богдановски, Мохамед Ахмедов, Стефан Петрушевски, Лулзим Амети, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Бојан Нацев, Матеј Цветановски (К) и Белмин Цамиќ.

Нашиот состав имаше доминација во текот на првото полувреме и заслужено имаше водство од еден гол по одигрување на првите 45 минути. Првата голема шанса на натпреварот ја имавме преку Стефан Петрушевски во воведниот дел од натпреварот. Асистенција одлична на Цветановски Матеј до Петрушевски кој бие од неколку метри, но одлично одбрани голманот на Њу Старс, Диел Доко, кој спаси негатива за својата екипа. Имавме повеќе од играта, и постојано се обидувавме да го загрозиме противничкиот гол. Обид имаше и Мохамед Ахмедов но гостинскиот голман повторно беше сигурен.

Се закани и Њу Старс, кога еден од нивните играчи биеше од голема далечина, за наша среќа топката мина крај десниот директ. Успеавме да го отвориме резултатот и тоа после една голема голманска грешка на противникот, Стефан Петрушевски одзема топка, бие во противничкиот шеснасесетник за наша предност од 1:0. До крајот на првиот дел не видовме некоја сериозна шанса за погодок, имавме контрола на играта и успеавме да ја зачуваме минималната предност.

Избраниците на Карчев беа подобри од противникот и во второто полувреме. По само пет минути игра во второто полувреме, успеваме да го зголемиме водството. Откако во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Наков, главниот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше нашиот капитен Матеј Цветановски кој биеше силно и прецизно на десната голманска страна.

Без разлика што имавме позитива од два гола, воопшто не се опуштивме, напротив продолживме да го напаѓаме голот на гостите од Ѓорче. За краток период во добри прилики се најдоа и Владимир Стефановиќ како и Борјан Наков, но немаше реализација. Најголемата прилика за трет погодок ја имавме преку Стефан Петрушевски, после една акција од десната страна Цветановски уфрли во шеснаесетникот, еден од играчите на Њу Старс за момент кратко ја изби топката која стигна до Петрушевски, но нашиот играч од 5 метри не успева да го совлада противничкиот голман, бие само високо над голот, штета, можевме предвреме да го решиме победникот на овој натпревар. Њу Старс беше во подредена улога, едноставно немаа некоја сериозна шанса за погодок.

Повторно Кул се обиде да го зголеми резултатот, Петрушевски проигра со Адис Зекири, кој бие од некаде 20-сетина метри, голманот за момент ја зафати топката, доволно да не заврши во неговата мрежа. Во 80 минута противникот успеа да постигне гол, откако го лобуваа нашиот голман, тоа значеше и намалување на 2:1. Сепак до крајот на натпреварот покажавме карактер, имавме мирна игра која на крајот ни донесе и прва победа сезона во рамките на пионерската Супер Лига. На крајот конечни 2:1 за нашиот состав.

Во игра во второто полувреме влегоа Адис Зекири, Виктор Стефановиќ и Александар Блажески.