Денес со пионерските екипи бевме гости на екипата на Њу Старс, на натпревари од 16.првенствено коло. Помладите пионери беа поразени, додека пионерите успеаа да го победат противникот и да освојат нови три бода.
Помладите пионери на Кул загубија со резултат 2:0, со голови во вториот дел од натпреварот. Во првиот дел имавме неколку удари, кои беа изблокирани од противничките играчи, а како најопасни беа оние на Костадинов и Бектеши, но сепак немаше погодок. Во вториот дел, домашниот тим постигна речиси два исти гола, после удари од прекин, во 50 и 67 минута од натпреварот. Во овој дел од мечот се заканивме преку Хабиб Бектеши, но денес не успеавме да постигнеме гол. На крајот, Њу Старс славеше триумф со резултат 2:0.
КУЛ: Даниел Диковски, Милан Кузманоски, Петар Трајковски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Хабиб Бектеши, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Тарик Ризвановиќ.
Играа уште и Јован Бошнаков, Андреј Ѓуроски, Душан Ангелевски и Никола Јовановски.
Пионерите стигнаа до десеттата сезонска победа, откако денес славеа на гостувањето кај Њу Старс. Натпреварот заврши со резултат 0:3, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел имавме шанси преку Адис Зекири и Даниел Васиќ, додека се закани и домашната екипа, но сигурен на нашиот гол беше Јосифов. Нашиот капитен, Матеј Цветановски успеа во интервал од 7.минути во вториот дел да го скрши отпорот на противникот и да постигне два брзи гола за водство од 0:2. Во 88.минута печат на победата стави Стефан Филиповски, кој погоди на асистенција од Цамиќ, за конечни 0:3 на овој дуел во пионерската Супер Лига.
КУЛ: Јордан Јосифов, Томислав Богдановски, Осман Фејзула, Мохамед Ахмедов, Адис Зекири, Лулзим Амети, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Стефан Филиповски, Матеј Цветановски (К) и Бојан Нацев.
Играа и Дамјан Љубомировски, Владимир Стефановиќ, Петар Станковски, Андреј Алаџајков и Александар Блажески.