Минимални порази за кадетите и младинците на гостинските натпревари против Пелистер

Во вторник на програмата се одложените натпревари од 7.коло за кадети и младинци против Пелистер
05/09/2022
ЖФК КУЛ останува лидер во Втората Лига, нашите девојки се блиску до пласман во најсилната елита
05/11/2022

Минимални порази за кадетите и младинците на гостинските натпревари против Пелистер

Нашите кадети и младинци денес ги одиграа заостанатите натпревари од 7.првенствено коло, каде гостуваа во Битола кај екипата на Пелистер. На двата натпревари домашниот тим стигна до минимални победи.

Кадетите несреќно загубија со резултат 1:0, со погодок во 90.минута од натпреварот. После центар шут од десната страна, Димитар Јовановски беше играчот кој со глава ја погоди нашата мрежа на истекот на регуларните 90 минути од натпреварот. Ние имавме свои шанси на овој натпревар, кои останаа нереализаирани. Во првиот дел во неколку наврати во шанси се најде Јанкулоски, како и Васиќ и Наков, додека во второто полувреме обид имаше и Цамиќ, но денес не успеавме да постигнеме погодок

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Осман Фејзула, Марко Мицевски, Мухамедин Фејзула, Бојан Јанкулоски (К), Дарио Методиевски, Димитар Стоимов, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски и Борјан Наков.

Играа уште и Белмин Цамиќ, Илче Миланоски, Шевал Мифтари.

Пораз со резултат 3:2 забележаа и нашите младинци, кои останаа без бодови од гостувањето кај Пелистер. Се до истекот на последната 90 минута имавме нерешен резултат, за во 93 минута  на овој натпревар да примиме гол. За разлика од кадетскиот натпревар, тука видовме повеќе голови, вкупно пет. На полувреме се замина со предност од 1:0 за екипата на Пелистер која го отвори резултатот во 30.минута од натпреварот преку Фејзуловски.

Во вториот дел, во краток интервал видовме два погодоци. Најпрво Томи Станковски донесе израмнување на 1:1 во 62.минута откако Манасиевски му даде топка меѓу противничките стопери а Томи погоди во долниот лев агол, додека само две минути подоцна Андоновски погоди за водство на Пелистер од 2:1. Иако во 69.минута останавме со играч помалку, поради исклучувањето на капитенот Здравески, сепак во 83 минута со вториот гол на Станковски го израмнивме по втор пат резултатот, овој пат на 2:2. На голот прво претходеше акција во која Станковски направи соло продор и изнуди корнер за нашиот тим, истиот го изведе Филип Јаневски кој центрираше, а во шеснаесетникот најдобро се снајде Станковски кој постигна израмнувачки гол. Сепак во судиското надополнување, домашниот тим преку Богданоски успеа да постигне гол и да ги постави конечните 3:2 на овој натпревар во младинската Супер лига.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Филип Стојанов, Дамјан Ивановски, Јован Митревски, Ангел Петрушевски, Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Стефан Здравески (К), Томи Станковски, Бојан Ристески и Дамјан Ивановски.

Играа уште и Никола Николов и Виктор Стефановиќ.