Фудбалскиот клуб Кул постои 18 години, основан е на 28 Септември 2007 година. Работи со млади категории на деца. Започна со мал број на членови, но со тек на тренинзите, упорноста на тренерите и децата, бројот на членови постојано се зголемува. Моментално во него членуваат околу 650 членови и се вработени 12 тренери, 5 медицински лица и 3 технички лица.
Поседува спортски терени кои ги користат за тренинзи на младите фудбалери во текот на денот и во вечерните часови.
Терените на кои се изведуваат тренинзите и натпреварите се идеални за работа со млади и повозрасни категории:
Начинот на работа е според возраста, а тренинзи има секој ден во зависност од генерациите. Во склоп со тренинзите се организираат тековни натпревари со други фудбалски клубови.
Летниот период организираме летни кампови за децата од нашиот клуб каде имаат редовни тренинзи, натпревари, обуки и дружење со децата од други фудбалски клубови.
Тренинзите ги одржуваат лиценцирани тренери, а за време на натпреварите, лигата и камповите, децата се медицински згрижени.
Во тек е детската лига COOL, која успешно се реализира секоја недела во која учествуваат фудбалски клубови од територијата на Скопје. Децата меѓусебно се натпреваруваат, дружат, разменуваат искуства, како и тренерите, што е од голема корист за тимовите. За гледачите се овозможени интересни натпревари, а за оние кои не можат да присуствуваат, дел од натпреварите се објавуваат на социјалните мрежи и веб страницата на ФК Кул.
ФК Кул за своето постоење чекор по чекор, скала по скала, полека но сигурно чекореше напред и стекна високо реноме во земјата и странство.
ФК Кул учествува во сите категории на детски лиги во организација на ФФМ, младинска и регионална лига, како и на турнири во Македонија и меѓународни турнири (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Турција, Франција, Грција, Германија и други).
Во организација на ФК Кул е и меѓународниот турнир КУЛ КУП, кој се одржува секоја година. Турнирот поттикнува дружење, размена на искуства и развој на фудбалските способности на младите спортисти од Балканот.