ФК “КУЛ” се пласираше во 1/2 финале на КУП на Македонија

Првиот 1/4 финален натпревар заврши нерешено за генрација 2006
10/23/2019
Спортски викенд исполнет со возбудување, насмевски, солзи ….
11/11/2019

ФК “КУЛ” се пласираше во 1/2 финале на КУП на Македонија

Фудбалскиот клуб КУЛ ги изигра реваншните  натпревари од 1/4 финале за КУП на Македонија.

ФК “КУЛ“ – генерација 2005,  1/4 финалните натпревари ги  изигра со екипата на ФК “Пелистер“ од Битола. Првиот натпревар беше на гостински терен каде го совлада домаќинот со 0:2, вториот реваншен натпревар требаше да се одигра на 30.10.2019 (среда) на домашен терен, но гостите не дојдоа на реваншниот натпревар со што натпреварот е заведен службено со 3:0. Екипата на ФК “КУЛ” генерација 2005  се пласираше во 1/2 финале за КУП на Македонија.

Додека пак екипата на ФК “КУЛ” – генерација 2006, 1/4 финалните натпревари ги изигра со екипата на ФК “Академија Пандев” од Струмица. Првиот натпревар го одграа на домашен терен кој заврши нерешено (1:1), а вториот натпревар го одиграа на гостински терен и заврши со пораз (2:1). Натпреварувањето на ФК“ КУЛ“ – генерација 2006 за КУП на Македонија за оваа година заврши со реваншниот пораз.

Ова беше прво учество за нив да се натпреваруваат за КУП на Македонија.  13 годишните момчиња  достоинствено играа до крај со надеж да се пласираат да ги играат 1/2 натпревари. Тие се стекнаа со нови искуства,  а сега им преостанува да ги бодрат своите соиграчи од генерација 2005 на 1/2 натпревари и да се спремаат за повторно натпреварување наредната година.