Сите генерации на ФК КУЛ успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на „КУЛ КУП 2023“

Нашите екипи ги одиграа првите натпревари на „КУЛ КУП 2023“
09/08/2023
Пласман на нашите екипи на „КУЛ КУП 2023“ и преглед на постигнатите резултати за нашиот клуб на последниот натпреварувачки ден
09/11/2023

Сите генерации на ФК КУЛ успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на „КУЛ КУП 2023“

Сите генерации на Кул успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на силниот меѓународен турнир „КУЛ КУП 2023“. Нашите екипи денес ги одиграа последните натпревари во групната фаза и ги дознаа противниците во рамките на 1/4 финалето.

Генерацијата 2011 во рамките на 2.коло, мининално со резултат 0:1 беше поразен од тимот на Работнички, но во решавачкиот натпревар за пласман во осумте најдобри екипи, избраниците на Никанчевски со убедливи 5:0 го победија тимот на Партизан Кидс. Лука Белевски и Милош Милошевски постигнаа по два гола, додека во листата на стрелци се запиша и Ангел Тодоровски.

Генерацијата 2012 со максимален ефект ја заокружи групната фаза и го освои првото место во својата група. Во 2.коло избраниците на Мики Тодоровски беа подобри од екипата на Драчево, конечниот резултат гласеше 3:0. Еден авто гол си постигна противникот, додека во листата на стрелци се запишаа Ангел Симоновски и Марко Митановски. Во последното 3.коло, нашите млади надежи забележаа уште една сигурна победа, против екипата на Аеродром, од која беа подобри со резултат 3:1. Тројца различни играчи се запишаа во листата на стрелци, се работи за Ангел Симоновски, Матео Стојановски и Зоран Питиќев.

Пласман во 1/4 финалето оствари и генерацијата 2013. Денес одигравме два натпревари, на кои имавме еден пораз и една победа. Најпрво бевме поразени од екипата на Фудбал Старс со резултат 0:2, додека во решавачкиот натпревар за пласман на во осумте најдобри екипи, ја победивме екипата на Биџо, со конечни 3:0. Стрелци на головите беа Давид Блажевски, Александар Стојановски и Немања Арсиќ.

Генерацијата 2014 како второпласирана во својата група, успеа да се пласира во 1/4 финалето. Вечерва ни требаше убедлива победа, а истата ја обезбедија избраниците на Виктор Петров, откако во 3.коло беа подобри од екипата на Дрим Тим со резултат 10:1. Марко Вујасин постигна три гола, Стефан Николовски и Бојан Ефтимов постигнаа по два гола, додека противничката мрежа ја тресеа уште и Давид Јакимовски, Иван Масларковски и Даријан Даниловски.

Екипата на Кул (1) генерација 2015 се пласира во 1/4 финалето. Екипата предводена од Љупчо Методиевски, денес одигра натпревар против „братскиот“ тим на Кул (3) кој го победија со 7:0. По два гола постигнаа Новак Јосифовски, Олег Спасовски, и Алексеј Павловски, додека еден гол запиша и Стефан Стојановски.

Тимот на Кул (2) генерација 2015 беше активен со два натпревари. Одигравме со нерешени 3:3 против Форца (2). Стрелци на головите беа Давид Аврамовски, Павел Радевски и Јован Станковски. На натпреварот против екипата на Драчево победивме со резултат 2:1. По еден гол беа дело на Јован Станковски и Виктор Јаневски.

Утре на програмата е последниот натпреварувачки ден и елиминациските натпревари. Нашите екипи ги дознаа противниците во 1/4 финалето:

Генерација 2011

ФК Форца – ФК КУЛ  10:00

Генерација 2012

ФК Ујпешт – ФК КУЛ  10:40

Генерација 2013

ФК Дрим Тим – ФК КУЛ  08:40

Генерација 2014

ФК КУЛ – ФК Парк  11:20

Генерација 2015

ФК Јанг Тим – ФК КУЛ  09:20