Генерацијата 2012 ќе се натпреварува на турнирот “Еден На Еден – Могила Куп”

Кадетите станаа Шампиони на Македонија, серијата од девет последователни победи беше „клучна“ за освојување на трофејот
06/15/2023
Како помина сезоната за младинската екипа
06/21/2023

Генерацијата 2012 ќе се натпреварува на турнирот “Еден На Еден – Могила Куп”

Во наредниве три дена, генерацијата 2012 ќе се натпреварува на второто издание на младинскиот турнир “Еден На Еден – Могила Куп”

На турнирот ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи поделени во три групи. Избраниците на Мики Тодоровски се дел од групата Ц, во која се уште и екипите на Талент 2010, Победа и Фер Плеј.

Со настапи започнуваме вечерва, кога со почеток од 19:20 часот ќе играме со екипата на Фер Плеј. Во сабота ќе ги одиграме и останатите два натпревари во групата. Во терминот од 11:20 часот ќе се сретнеме со екипата на Победа, додека од 13:20 часот противник ни е тимот на Талент 2010.