Спортски викенд исполнет со возбудување, насмевски, солзи ….

ФК “КУЛ” се пласираше во 1/2 финале на КУП на Македонија
10/30/2019
ФК Кул организираше “мини” турнир во фудбал за девојчиња
12/15/2019

Спортски викенд исполнет со возбудување, насмевски, солзи ….

Фудбалскиот клуб Кул изминатиот викенд изигра дваесетина натпревари со сите генерации  во Детската и Младинската Лига. Викендот беше исполнет со многу интересни и возбудливи спортски натпревари.

Пионерите на ФК КУЛ (генерација 2003) гостуваа во Пехчево и го совлада домаќинот ФК Кит Го со резултат 0:2. Досега тие имаат изиграно 9 натпревари во Лигата и исите 9 натпревари резултираат со победа, моментално се први на табелата.

Помладите Пионери на ФК КУЛ (генерација 2004) исто така гостуваа во Пехчево и  тие го совладаа домаќинот ФК Кит Го со резултат 0:5. Тие имаат изиграно 9 натпревари во лигата, од кои 8 победи и еден пораз, и тие се први на табелата.

Највозбудливиот натпревар за овој викенд беше во Регионалната Скопска Лига каде петлињата (генерација 2005) го совладаа својот противник ФК Вардар. Многу интересен натпревар каде водството на истиот натпревар во првите 45 минути го имаше домаќинот ФК Варадар, но натпреварот имаше голем пресврт па во вторите 45 минути домаќинот беше совладан. ФК Кул во второто полувреме беа доминантни и натпреварот го завршија со победа со резултат 3:6. Петлињата имаат изиграно 8 натпревари во лигата и сите 8 натпревари се со победа, моментално се први на табелата .

Во истата Регионална Скопска Лига Помали Петлиња (генерација 2006) овој викенд натпреварот го играа на гостински терен со екипата на ФК Вардар. Екипата на домаќинот беше подоминантна и не совада со резултат 7:0. Помалите петлиња во оваа лига имаат одиграно 8 натпревари од кои 4 натпревари  со победа и 4 со пораз и моментално се наоѓаат на средина на табелата.

Во детските лиги ФК КУЛ генерација 2007 со првата екипа играше со екипата на ФК Вардар и заврши со нерешен резултат 2:2. Втората екипа на ФК Кул генерација 2007 играше со екипата на ФК Работнички и заврши со пораз со резултат 0:3, а третата екипа играше со екипата на ФК Академија Пандев и заврши со пораз  со резултат 0:3.

ФК Кул генерација 2008 играше со екипата на ФК Вардар и заврши со пораз со резултат 0:8.

ФК Кул генерација 2009 првата екипа имаше пауза овој викенд, а втората екипа играше со екипата на ФК Скупи и заврши со пораз со резултат 1:4, третата екипа играше со ФК Спорт Ефе и заврши со победа со резултат 6:1.               

ФК Кул генерација 2010, првата екипа  играше со екипата на ФК Смилковци и заврши со победа со резултат 4:0, втората екипа играше со екипта на ФК Бутел и заврши со пораз со резултат 3:1 а третата екипа односно женскиот тим настапи и играше со екипата на ФК Маџари и заврши со пораз со резултат 0:6 и четвртата екипа играше против екипата на ФК Башкими и заврши со пораз со резултат 0:5.

                                           

ФК Кул генерација 2011 со првата екипа играше со екипата на ФК Вардар и заврши со победа со резултат 2:1., втората екипа  играше со втората екипа на ФК Вардар и резултираше со победа со резултат 5:0, а третата екипа играше со екипата на ФК Сарај и заврши со пораз со резултат 0:1..

ФК Кул генерација 2012 со првата екипа играше со екипата на ФК Карпошово и заврши со победа со резултат 5:3, а втората екипа играше со екипата на ФК Беса и таа заврши со победа со резултат 4:3.

 

Момчињата и девојчињата на ФК КУЛ изиграа интересни натпревари овој викенд, а на своите верни навивачи им приредија незаборавен спортски викенд.