Пионерите со висок пораз ја стартуваа новата сезона во Супер Лигата

Со пораз помладите пионери ја стартуваа дебитантската сезона во Супер Лигата
10/24/2021
Се одигра 1.коло во младинската Супер лига
10/25/2021

Пионерите со висок пораз ја стартуваа новата сезона во Супер Лигата

Пионерите имаа лош старт на отварање на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. Нашиот клуб сезонава се натпреварува во најквалитетната Супер Лига, а денес на Цементарница со пионерите ја пречекавме екипата на Работнички. Противникот денес се покажа како подобар на теренот, забележувајќи висока победа изразена со резултат 0:5.

Стартувавме со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Владимир Стефановиќ, Петар Станковски, Стефан Филиповски, Мохамед Ахмедов, Стефан Петрушевски, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Бојан Нацев и Матеј Цветановски (К).

Двата тима на почетокот на првиот дел ги одмеруваа силите, немаше конкретни прилики за погодок во воведниот дел. Прв успеа мрежата да ја затресе тимот на Работнички кој поведе со 0-1 во 13 минута од натпреварот. Ние веднаш по почетната негатива се заканивме преку Ахмедов Мохамед, чија шанса не беше претворена во гол за резултатска симетрија.

Во следниот период Работнички се закани, но на нашиот гол две одлични одбрани впиша Јосифов Јордан, тој носеше сигурност во нашата одбрана. Се играше цврсто и борбено, двата тима претежно играа на средината на теренот. До крајот на првите 45.минути имавме ние две прилики, преку Цветановски Матеј и Ахмедов Мохамед, истите не вродија со плод па на одмор помеѓу двата дела на овој дуел од првото коло во Супер лигата зминавме со гол засостанување.

Лошо започна второто полувреме за нашиот тим, кој после само четири минути игра прими гол, па веќе бевме во негатива од 0:2. Се обидувавме да се вратиме во игра, но немаше позитивни промени во наша корист. Се обидовме и со замени, но не успеавме да реализираме во гостинската мрежа. До крајот на натпреварот противникот успеа да постигне уште три гола, во 67, 81 и 84 минута од натпреварот и да слави висок триумф со резултат 0:5.

Шанса за игра денес добија и Давид Димитриевски, Андреј Алаџајков, Лулзим Амети, Горјан Георгиевски, Александар Блажески и Адис Зекири.