Фудбалскиот клуб Кул се пласираше во 1/4 финале на КУП на Македонија за генерација 2005 и 2006.
Во 1/8 финалните натпревари ФК Кул генерација 2005 го совлада противничкиот тим на ФК
Академија Постолов Пандев од Штип, а генерација 2006 го совлада тимот на ФК Пелистер од Битола.
Со двете победи ФК Кул се пласираше во 1/4 финалните натпревари на КУП на Македонија. На извлекувањето за противник генерација 2005 ја добија екипата на ФК Пелистер од Битола, а генерација 2006 за противник ја доби екипата на ФК Академија Пандев од Струмица.
“Се надеваме дека ќе го повториме и потврдиме успехот на генерација 2005 кои минатата сезона беа шампиони на КУПОТ” – изјавија од тимот на ФК Кул.