ФК Кул по 13 години постоење продолжува со професионалниот пристап, од сега професионално ажурирање и на веб-страницата

Индивидуални методи за тимски успеси
04/22/2020
Помладите пионери на ФК Кул го освоија првото место во лигата
06/16/2020

ФК Кул по 13 години постоење продолжува со професионалниот пристап, од сега професионално ажурирање и на веб-страницата

Фудбалскиот клуб ,,Cool” во своето 13 годишно постоење, забележува се поголема популарност кај играчи од детски лиги. Тимовите, ги сочинуваат деца на возраст од 6 до 18 години, а тренинзите се предводени од сертифицирани спортски работници. Нашиот клуб постојано работи на подобрување на условите кои ги овозможуваме на своите членови.

Покрај методологијата на работа која е на професионално ниво и за која во продолжение ќе може да прочитате, започнуваме и со нова етапа во сферата на медиумското покривање на нашата фудбалска школа. Од денес на нашиот веб-сајт „https://fccool.mk/“  ќе бидат достапни новости околу процесот на функционирање, можностите за напредок на членовите, медиски ќе ги покриваме и сите настани на кои ќе земеме учество.  Нов левел погоре во нашето функционирање ќе биде медиското покривање со: фотографии, извештаи, интервјуа и новости за нашите членови.

ФК ,,Cool” покрај утврдените тренинзи, во текот на првенствата се реализираат и учества на детски фудбалски купови, во земјава и во странство.

Стручниот одбор на ФК. ,,Cool”, спроведува задолжителни лекарски прегледи, преку кои се утврдува здравствената состојба на секое дете, за тренирање и натпреварување. Покрај тоа и за време на мечевите имаме стручни медицински лица, се со цел здравјето на нашите членови да биде под постојан мониторинг и да имаат поголема сигурност.

Во текот на летниот распуст, децата заедно со тренерите, во придружба на медицинско лице, заминуваат на задолжителни спортски подготовки, најчесто во странство. Оваа години, подготвени сме на отстапки, па предвидените подготовки, би се извеле на планина, со сместување во Детско рекреативно одморалиште.

Кај нас, воспоставен е принцип за секоја активност, патување или одење на натпревар, надвор од Скопје, родителите се навремено известени.