Помладите пионери на ФК Кул го освоија првото место во лигата

ФК Кул по 13 години постоење продолжува со професионалниот пристап, од сега професионално ажурирање и на веб-страницата
06/15/2020
Преглед на незавршената сезона 2019/20 за надежната генерација 2005 на ФК Кул
06/16/2020

Помладите пионери на ФК Кул го освоија првото место во лигата

Прв пат во натпреварувачката сезона 2019/20, нашиот клуб под името Кул започна да се натпреварува и со пионерските екипи, односно со генерации на играчи кои се родени 2004 и 2003 година.

Поради добро познатата ситуација со корона вирусот, не бевме во можност да ја довршиме сезоната, но сепак помладите пионери на Кул ( генерација 2004) после 16 одиграни кола беа на првото место на табелата и заедно со екипата на Сарај имаа голема бодовна предност пред останатите екипи. Помладата пионерска трета лига броеше вкупно 10 екипи од кои само 3 беа од скопскиот регион. Фудбалската федерација на Македонија се реши да ја прекине сезоната во сите младински лиги, а беше предвидено да се одиграат 27 кола во третата лига на помладите пионери. Сезоната беше прекината после 16 одиграни натпревари, а нашите момчиња завршија на првото место на табелата. Екипата која  беше предводена од Саше Божиноски имаше скор од 14 победи, само 1 нерешен резултат и 1 пораз. Единствениот загубен меч  се случи во рамките на 7.коло кога бевме поразени од тимот на Сарај, но нашиот тим врати во иста мера на реваншот на наш терен, додека само на еден натпревар одигравме без погодоци (0:0) на гостувањето кај екипата на Кадино. Можеме да се пофалиме дека го имавме вториот најдобар напад во лигата, со вкупно 59 постигнати голови, како и најдобрата одбрана, со само 11 примени погодоци.

 

Со оваа генерација земавме учество и во Купот на Македонија, каде испаднавме во 1/8 финалето од екипата на Шкупи. Мечот се одигра на теренот на противникот и заврши со резултат 4:2 во корист на чаирчани.

Ова се резултатите кои ги остваривме сезонава во 3. помлада пионерска лига, со напомена дека истата беше прекината после 16 одиграни меча:

1 коло: ФК Кул – Плачковица  10:1

2 коло: ФК Каменица Саса – ФК Кул  1:3

3 коло: ФК Кул –ГФК Тиквеш  5:1

4 коло: ГФК Вардар Неготино – ФК Кул  3:4

5 коло: ФК Кул – ФК Осогово  5:0

6 коло: ФК Кул – ФК Кадино  1:0

7 коло: ФК Сарај – ФК Кул  3:0

8 коло: ФК Кул – ФК Питу Гули  8:0

9 коло: ФК Кит Го Пехчево – ФК Кул  0:5

10 коло: ФК Плачковица – ФК Кул  0:6

11 коло:  ФК Кул – ФК Каменица Саса  1:0

12 коло: ГФК Тиквеш – ФК Кул  0:2

13 коло: ФК Кул – ГФК Вардар Неготино  2:1

14 коло: ГФК Осогово – ФК Кул  1:4

15 коло: ФК Кадино – ФК Кул  0:0

16 коло: ФК Кул – ФК Сарај  3:0

После 16 одиграни натпревари бевме на врвот на табелата со вкупно 43 освоени бодови, додека на второто место се пласираше екипата на Сарај со 41 бод.

Вака изгледа табелата во 3.лига на помладите пионери:

1. ФК Кул Здравје  -43

2. ФК Сарај    -41

3. ГФК Вардар Неготино  -28

4. ГФК Осогово -23

5. ФК Каменица Саса  -22

6. ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  -21

7. ФК Кадино  -21

8. ФК Кит Го-Пехчево  -14

9. ФК Плачковица  -13

10. ФК Питу Гули  -3

Со оглед дека освоивме највеќе бодови и во двете пионерски конкуренции, за очекување е нашиот клуб во новата сезона да се пресели во поквалитетен ранг на натпреварување, односно во втората пионерска лига. Во наредниов период чекаме и официјалната потврда од страна на фудбалската федерација на Македонија.

Сите играчи кои земаа свој придонес во добрите резултати сезонава за помладите пионери: Никола Крстевски, Јован Митревски, Антонио Стојановски, Бојан Јанкуловски, Мартин Цветковски, Стефан Ивановски, Мартин Мишовски, Дамјан Бачоски, Бојан Тренкоски, Данил Марков, Рамадан Кадриовски, Александар Трајчевски, Михаил Стаменковски, Александар Богданоски, Дарио Алексовски, Матеј Цветановски, Стефан Симоновски, Владимир Стефановиќ, Матеј Јордановски, Максим Бундалески, Лука Мицевски, Мартин Ацевски, Александар Блажески, Нино Ристовски, Виктор Боневски, Стефан Петрушевски, Марко Мицевски, Лука Закоски, Матеј Митревски, Мартин Ацески, Борјан Наков, Јордан Јосифов, Даниел Васиќ, Лука Мутовиќ, Филипче Стајковски, Андреј Стојановски, Лука Неделков, Борјан Иванов, Јордан Петровски, Филип Радевски и Петар Паладев.

Тренер: Саше Божиноски.