Дали тоа беше најдоброто полувреме, Кул за само 30 минути му даде шест голови на Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига

Лука Миленковиќ: Ако би требало повторно да одлучувам каде да тренирам, без размислување тоа би било во ФК Кул
06/26/2020
Играчите со најголема минутажа, во сите четири младински екипи на ФК Кул
06/27/2020

Дали тоа беше најдоброто полувреме, Кул за само 30 минути му даде шест голови на Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига

Со нетрпение ги очекуваме подготовките и натпреварите за новата натпреварувачка сезона, а преку нашиот веб сајт ќе се обидуваме да ве потсетиме на најдобрите моменти за нашата фудбалска школа.

Сигурно еден од најдобрите натпревари на нашиот клуб, е тој со повозрасните петлиња во рамките на регионалната-скопска лига. Се работи за дербито на Кул и Вардар, кој се одигра на теренот на Академијата на Вардар. Натпреварот очекувано го понесе епитетот „дерби“ со оглед дека се сретнаа меѓусебно екипите, кои пред тој натпревар беа со максимален број на освоени бодови и кои важеа за најголеми претеденти за освојување на лигата.

На споменатиов натпревар кој заврши во наша корист, со убедлива победа од 3:6, видовме две различни полувремиња. Во првото полувреме, домашниот тим на Вардар ги искористи своите шанси и имаше предност од 2:0, но тоа не значеше дека нашите момчиња предвреме ќе се предадат.

Очигледно советите од тренерот Божиноски, на полувремето дадоа резултат, па во вторите 40 минути видовме сосема поинаков Кул, онаков каков што сме навикнати да ги гледаме во последниве години. На стартот на вториот дел беа направени и две измени, кои во продолжение од мечот се покажаа и како клучни за големиот резултатски пресврт. Во игра влегоа Борјан Наков и Стефан Петрушевски, кои ги заменија, Александар Трајчевски и Андреј Стојаноски.

Во второто полувреме на теренот играше само една екипа, а тоа беше нашиот Кул. Како препородени нашите момчиња заиграа офанзивно, а Вардар како да беше изненаден од таквата игра. По само седум минути во второто полувреме, нашите момчиња го постигнаа и првиот гол во противничката мрежа, а стрелец беше нашиот најефикасен голгетер, Александар Богданоски, кој намали на 2:1 и внесе нов ритам на тој дерби натпревар. За само две минути, односно во 60 и 62.минута со нови два гола, за хет-трик, Александар Богданоски донесе предност на Кул од 2:3, а натпреварот влезе во друг правец. Вардар не се опорави од „шокот“ додека нашите млади надежи делуваа самоуверено и цврсто на теренот, со голема желба за надигрување, до крајот постигнавме уште нови три голови. Победникот веќе беше решен во 70 и 73. минута, кога со головите на нововлезените, Стефан Петрушевски и Борјан Наков зголемивме и на 2:5, играчи кои се покажаа како вистински „џокери“ после влегување на теренот. За уште поубедлив резултат се погрижи со својот прв гол и Даниел Васиќ, додека во последните минути од натпреварот, Вардар го ублажи поразот, за конечни 3:6 на овој натпревар од регионалната-скопска лига за повозрасните петлиња.

После тој натпревар, екипата на Кул ја превзеде и лидерската позиција во лигата, додека на Вардар му беше нанесен и првиот пораз во сезоната.

На тој натпревар настапивме со следниве 11-сетмина: Јосифов, Симоновски, Стефановиќ, Станковски, Митревски, Стојаноски, Бундалески, Богданоски, Васиќ, Трајчевски и Цветановски (K).

Во игра влегоа уште: Наков, Петрушевски, Ацески и Радевски.