Резиме на сезоната 2018/19, генерацијата 2005 на ФК Кул стана вицешампион во регионалната-скопска лига за помлади петлиња

Играчите со најголема минутажа, во сите четири младински екипи на ФК Кул
06/27/2020
Ретроспектива на сезоната 2018/19 за петлињата на ФК Кул, највпечатлива беше победата против Вардар
06/30/2020

Резиме на сезоната 2018/19, генерацијата 2005 на ФК Кул стана вицешампион во регионалната-скопска лига за помлади петлиња

Во натпреварувачката сезона 2018/2019, прв пат со генерацијата 2005 на ФК Кул земавме учество во рамките на регионалната-скопска лига за помлади петлиња. Таа сезона го остваривме и најголемиот успех, откако успеавме да го освоиме Купот на Македонија, додека во лигата завршивме како вицешампиони, што исто така беше големо достигнување за нашите млади надежи. Откако претходната сезона се одјавивме од детската лига со бронзен медал, успесите со оваа генерација продолжија и во наредната сезона.

Одигравме вкупно 20 натпревари, на кои остваривме 13 победи, 3 нерешени резултати и 4 порази. Постигнавме 61 гол, додека примивме само 15 погодоци, што беше и најдобрата одбрана во лигата. Ќе направиме едно резиме на сезоната 2018/19, со сите постигнати резултати на помладите петлиња на Кул.

1 коло: ФК Работнички – ФК Кул  4:2

2 коло: ФК Кул – ФК Милано  3:0

3 коло: ФК Њу Старс – ФК Кул  2:2

4 коло: ФК Кул – ФК Шкупи  0:1

5 коло: Македонија Ѓ.П – ФК Кул  0:6

6 коло: ФК Кул – ФК Скопје  7:0

7 коло: ФК Форца – ФК Кул  0:8

8 коло: слободни

9 коло: ФК Кул – ФК Драчево Јуниор  5:0

10 коло: ФК Вардар – ФК Кул  4:0

11 коло: ФК Кул – ФК Шкендија  2:0

12 коло: ФК Кул – Работнички  2:0

13 коло: ФК Милано – ФК Кул  0:1

14 коло: ФК Кул – ФК Њу Старс  4:0

15 коло: ФК Шкупи – ФК Кул  2:4

16 коло: ФК Кул – ФК Македонија Ѓ.П  4:0

17 коло: ФК Скопје – ФК Кул  1:3

18 коло: ФК Кул – ФК Форца  8:0

19 коло: слободни

20 коло: ФК Драчево Јуниор – ФК Кул  0:0

21 коло: ФК Кул – ФК Вардар  0:1

22 коло: ФК Шкендија – ФК Кул  0:0

Како што напоменавме на крајот од сезоната завршивме на второто место на табелата, зад екипата на Вардар, противник кој го победивме во големото финале на Купот.

1. Вардар  -50

2. Кул   -42

3. Шкупи  -42

4. Работнички  -41

5. Шкендија  -37

6. Скопје   -31

7. Милано  -23

8. Драчево Јуниор  -23

9. Њу Старс  -16

10. Форца  -9

11. Македонија Ѓ.П  -3

Ќе ви ги претставиме и најдобрите пет стрелци за оваа генерација во таа сезона, а листата ја предводеше Александар Богданоски со 17 постигнати голови.

1. Александар Богданоски  -17

2. Максим Бундалески -9

3. Александар Трајчевски  -6

4. Борјан Наков и Матеј Цветановски  -5