(ФОТОГАЛЕРИЈА) Генерациите 2003 и 2004 после подолга пауза го почуствуваа теренот, нашите надежи се вратија на тренинг

Поранешен репрезентативен голман го засилува стручниот тим на нашиот клуб, Един Нурединоски ќе биде тренер на кадетите
07/03/2020
Прославата на јубилејот, 10 години ФК КУЛ (Фотогалерија)
07/03/2020

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Генерациите 2003 и 2004 после подолга пауза го почуствуваа теренот, нашите надежи се вратија на тренинг

Генерациите 2003 и 2004 на ФК Кул под водство на Един Нурединовски започнаа со тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка сезона. После пауза од четири месеци поради пандемијата со корона вирусот, нашите млади надежи конечно го почувствуваа теренот. Со оглед дека се работи за само втор тренинг, и двете генерации не беа комплетни, но очекуваме во наредниот период бројот на играчите кои ќе тренираат да се зголемува. Да потсетиме дека и двете генерации го освоија првото место во третата пионерска лига, па во новата сезона ќе бидат дел од втората пионерска и кадетска лига.

Како помина вчерашниот тренинг на теренот на Цементарница, можете да погледнете од нашата фотогалерија.