(Фотогалерија) Повозрасните петлиња предводени од Цветковски под полна пареа го одработија вчерашниот тренинг

(ФОТО) Голманско загревање со Андреј Ројчинов и Мартин Цветковски
07/04/2020
ФК Кул стартуваше со тренинзи и со генерацијата 2009 (ФОТО)
07/04/2020

(Фотогалерија) Повозрасните петлиња предводени од Цветковски под полна пареа го одработија вчерашниот тренинг

Генерацијата 2006 која во новата сезона ќе се натпреварува во регионалната-скопска лига за повозрасни петлиња, стартуваше со тренинзи и подготовки. Вчерашниот тренинг наместо на теренот на Цементарница, каде првично беше закажан, истиот беше преместен во населбата Кисела Вода, со оглед на лошите временски услови. Тренерот на оваа генерација, Александар Цветковски се уште не може да смета на сите играчи, но се надева дека набрзо ќе го комплетира тимот кој треба да се подготвува за новата натпреварувачка сезона. На тренингот беа присутни и нашите девојчиња, Ива Матиќ и Симона Меијер. а истиот беше одработен во полна пареа. Без оглед на топлото и спарно време, играчите дадоа се од себе и целосно се посветија на задачите поставени од нивниот тренер.

Во продолжение можете да погледнете фотографии, од тренингот на повозрасните петлиња.