Сребрен и бронзен медал за генер.2007 на ФК Кул во сезоната 2019/20

Успешен контролен дуел за генерација 2009, избраниците на Нешовски до убедлива победа против Скупи
07/12/2020
(ВИДЕО) Церемонија на доделување награди на турнирот „Кул Куп-2019“
07/13/2020

Сребрен и бронзен медал за генер.2007 на ФК Кул во сезоната 2019/20

Во следниов текст ќе направиме кратка ретроспектива на натпреварувачката сезона 2019/20 за генерацијата 2007 на ФК Кул. Како што е познато сезоната не финишираше како што сите посакувавме, односно истата беше прекината на стартот од пролетниот дел.

Генерацијата 2007 предводена од Саше Божиноски ја одигра својата последна сезона во рамките на детската лига, додека во новата сезона ќе се натпреварува во регионалната-скопска лига за помлади петлиња.

Откако започнавме со тренинзи и подготовки, првиот контролен натпревар го одигравме во Белград, против екипата на Партизан. Иако бевме поразени, сепак се стекнавме со големо искуство.

Следеше и првиот турнир на кој земавме учество, а тоа беше „Гази Баба Купот“, на кој нашата генерација го освои бронзениот медал. После голема борба во полуфиналето, минимално со резултат 1:0 бевме поразени од екипата на Вардар, додека во малото финале го победивме тимот на Албион со резултат 3:2.

Следеше и силниот меѓународен турнир „Кул Куп 2019“ кој е во организација токму на нашиот клуб. Тука земавме учество исто така со генерацијата 2007 и го освоивме сребрениот медал, во конкуренција на 16 квалитетни екипи.

Постигнатите резултати на „Кул Куп“ во елиминациската фаза:

1/4 финале: Спартак Суботица – Кул  1:2

1/2 финале: Кул – Талент Битола  2:1

ФИНАЛЕ: Албарса – Кул 2:1

Во месец февруари оваа година имавме можност да гостуваме во Србија, каде одигравме пријателски натпревар со екипата на Раднички Ниш. Игравме на голем терен, а дуелот заврши во наша корист со резултат 4:2.

Во детската лига се натпреварувавме со две екипи, штета што сезоната не продолжи, во која влеговме како вицешампиони во лигата.