Успешен контролен дуел за генерација 2009, избраниците на Нешовски до убедлива победа против Скупи

ФК Кул со генерацијата 2006 одигра пријателски меч против екипата на Скупи
07/12/2020
Сребрен и бронзен медал за генер.2007 на ФК Кул во сезоната 2019/20
07/13/2020

Успешен контролен дуел за генерација 2009, избраниците на Нешовски до убедлива победа против Скупи

Одличен натпревар одигравме со генерацијата 2009 која ја совлада екипата на Скупи. Утрово на теренот на Локомотива, нашите млади надежи во контролен меч убедливо го победија тимот на Скупи. Избраниците на Ѓорѓија Нешовски делуваа супериорно на теренот и победија со резултат 4:0. На полувреме имавме водство од 2:0. Резултатот за 1:0 го отвори Петар Симоновски, додека до крајот на првиот дел на 2:0 зголеми Меланија Грозданова.

Имавме повеќе од играта и во второто полувреме, во кое постигнавме уште два гола во мрежата на Скупи. Во листата на стрелци се запиша и Филип Дуковски, гол со кој поведовме со 3:0, додека конечните 4:0 на натпреварот, со својот втор гол денес ги постави Меланија Грозданова.