Преглед на сезоната за генерација 2008 на ФК Кул

Генерацијата 2012 на ФК Кул ја одигра својата дебитантска сезона во лигата и зема учество на еден турнир
07/16/2020
Претстојниов викенд генерација 2009 на ФК Кул ќе одигра контролни мечеви во Охрид и Прилеп
07/17/2020

Преглед на сезоната за генерација 2008 на ФК Кул

Со генерацијата 2008 го заокружуваме прегледот на натпреварувачката сезона 2019/20, што се однесува до екипите на ФК Кул кои беа дел од детската лига.

Оваа генерација чиј тренер беше Гоце Златковски во детската лига се натпреваруваше со две екипи.

Настапивме и на два турнири, а првиот беше во рамките на 5.издание на меѓународниот турнир „Гази Баба Куп 2019“ кој е во  во организација на Здружението “Спорт Јуниор“, во коорганизација на Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба, со поддршка на општина Гази Баба.

На овој турнир нашите млади надежи направија добар успех, откако успеаа да се пласираат во 1/4 финалето, каде беа поразени од екипата на Академија Пандев. Во рамките на групната фаза, екипата на Кул се пласираше на првото место и на тој начин обезбеди пласман во 1/8 финалето.

Таму, за противник ја имавме екипата на Пелистер, која ја победивме со резултат 3:2. Во 1/4 финалето се сретнавме со Академија Пандев од Струмица, а подобри беа противничкиот тим кој триумфираше со резултат 3:1.

Вториот турнир на кој игравме беше на 5.издание на меѓународниот турнир „Кул Куп 2019„ кој го организира нашиот клуб. Во оваа генерација се натпреваруваа вкупно 16 екипи, а Кул беше елиминиран во рамките на групата, каде одигравме три натпревари, на кои имавме скор од еден нерешен резултат и два порази.

Резултатите за генерација 2008 на „Кул Куп 2019“

1 коло: Академија Јувентус ( Унгарија) – Кул  3:3

2 коло: Кул – Драчево Јуниор  0:2

3 коло: Кул – Јанг Тим-Струга  0:2