Генерацијата 2012 на ФК Кул ја одигра својата дебитантска сезона во лигата и зема учество на еден турнир

Ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерација 2009 на ФК Кул, нашите млади надежи освоија два златни медали од настапите на турнирите
07/16/2020
Преглед на сезоната за генерација 2008 на ФК Кул
07/17/2020

Генерацијата 2012 на ФК Кул ја одигра својата дебитантска сезона во лигата и зема учество на еден турнир

Генерацијата 2012 на ФК Кул предводена од Мирослав Тодоровски ја имаше својата дебитантска сезона во детската лига, која не го дочека својот крај.

Во сезоната 2019/20 се натпреварувавме и со генерацијата 2012, се работи за добра и надежна генерација, штета што се прекина лигата, сигурно дека ќе се пласиравме на завршниот турнир, каде ќе се боревме за еден од медалите.

Единствен турнир на кој настапивме беше на предновогодишниот турнир во организација на фудбалската школа Мондано. На истиот покрај нашиот клуб, се натпреваруваа и екипите на Аеродром, Мондано и Скупи.

Се пласиравме во финалето, каде за противник го имавме тимот на Скупи. На овој дуел успеавме први да го отвориме резултатот, за водство од 1:0, но противникот врати со гол и го израмни резултатот. Сепак од непознати причини, екипата на Скупи не сакаше да пристапи кон изведување на пенали, па така се заврши без победник.