Слободни денови за сите екипи на ФК Кул, во вторник се враќаме на тренинзи

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ФК Кул генерација 2010 вредно работи под „будното око“ на Маџароски
07/30/2020
Максим Бундалески: Во новата сезона сакаме да се избориме за пласман во најдобрата супер лига, а понатаму и да го донесеме Кул до врвот на Македонскиот фудбал
08/01/2020

Слободни денови за сите екипи на ФК Кул, во вторник се враќаме на тренинзи

По повод, големиот државен празник, 2.август, известуваме дека сите генерации на ФК Кул во претстојниве четири дена се ослободени од тренинзи, односно ќе имаат слободни денови.

Откако се вративме на терените, после долгата пауза, напорно трениравме во изминативе 30 дена, но ова е само почеток на новите предизвици кои не очекуваат во иднина.

Одморот добро ќе дојде за сите наши членови, се надеваме дека ќе го искористат слободното време и дека ќе ги „наполнат батериите“ во продолжение од подготовките и стартот на новата натпреварувачка сезона, која сите ние се надеваме дека ќе започне и нормално ќе се одвива.

На тренинзи, се враќаме во вторник, до тогаш имајте убави денови, спортски поздрав од фудбалскиот клуб Кул.