ФК Кул во иднина ќе има и кондиционен тренер, Никола Родиќ ќе работи на физичката подготовка со екипите во Кул

Генерација 2010 на ФК Кул славеше убедлива победа на пријателскиот дуел против Куманово ( Фотогалерија)
08/14/2020
Генерациите 2005 и 2006 одработија напорен тренинг под водство на кондициониот тренер
08/15/2020

ФК Кул во иднина ќе има и кондиционен тренер, Никола Родиќ ќе работи на физичката подготовка со екипите во Кул

Задоволство е да ви претставиме новитет во нашиот фудбалски клуб. Во иднина, ФК Кул, ќе има и свој кондиционен тренер, кој ќе биде задолжен за физичката и кондиционата подготовка.

Никола Родиќ е кондициониот тренер кој е дел од нашиот клуб и кој ќе има за задача, максимално да ги подготвува екипите кои се дел од фудбалската школа на Кул. Родиќ веќе започна да работи и да ги спроведува неговите задачи на теренот, а нашите играчи се импресионирани, што во иднина ќе имаат посебен тренер кој ќе се грижи за нивната физичка подготовка.

ФК Кул му посакува добредојде на Никола, се надеваме на долга соработка и заеднички успеси.