Генерација 2010 на ФК Кул славеше убедлива победа на пријателскиот дуел против Куманово ( Фотогалерија)

(Фотогалерија) Одличен меч за генерација 2009 и трет триумф во подготвителниот период
08/14/2020
ФК Кул во иднина ќе има и кондиционен тренер, Никола Родиќ ќе работи на физичката подготовка со екипите во Кул
08/15/2020

Генерација 2010 на ФК Кул славеше убедлива победа на пријателскиот дуел против Куманово ( Фотогалерија)

Во текот на вчерашниот ден, бевме гости на екипата на ФК Куманово, со која одигравме пријателски натпревари. Активна беше и генерацијата 2010 на Владимир Маџароски, која успеа да стигне до победа против врсниците од Куманово. Заслужена победа за нашиот тим , кој славеше високо со резултат 2:5, иако според шансите, на крајот триумфот можеше да биде изразена и со поголема разлика.

Активни беа две полувремиња, во кои се играше по 25 минути. После првиот дел, имавме водство од 1:2, додека во второто полувреме следеа наши три голови во серија за високи 1:5, а во последните пет минути, екипата на Куманово се избори за достоен пораз.

Огнен Јаков постигна два гола, од кои првиот беше ремек дело, нашиот играч постигна убав погодок од слободен удар. Во листата на стрелци се запишаа уште и Матеј Стефановски, Никифор Дамјановски и Никола Јанкуловски.

Погледнете и фотогалерија од триумфот на генерација 2010.